среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нетпрес: Инспектор по општ криминал од Струмица со полициско возило удрил во автомобилот од Бугарија во кој има повредени

Нетпрес: Инспектор по општ криминал од Струмица со полициско возило удрил во автомобилот од Бугарија во кој има повредени

Даниел Пројковски, син на поранешниот началник на СВР Струмица, Танчо Пројковски, кој важи за контроверзна личност во Струмица повторно грубо го прекши законот на начин што како во трилер филм по грешка со службено полициско возило влегол во спротивна сообраќајна лента со цел да му го пресече патот и да сопре возило од спротивната страна, пишува Нетпресс.

Меѓутоа, како што вели извор на порталот, инспекторот по општ криминал Даниел Пројковски направил фатална грешка и блокирал автомобил во кој се возело семејство со деца од Бугарија.

Пројковски предизвикал сериозна сообраќајна незгода со телесни повреди и огромна материјална штета. Имено, службената полициска „шкода октавија“ целосно ја уништил, пишува порталот.

Целиот текст може да го прочитате тука.

Најнови вести