сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

За петпати зголемен бројот на фалсификувани банкноти во Бугарија

За петпати зголемен бројот на фалсификувани банкноти во Бугарија

Во вториот квартал од 2023 година во Бугарија биле откриени 1.155 фалсификувани банкноти од 50 лева и тоа означува најголем пораст на фалсификувани банкноти во таа држава во изминатите 13 години, соопшти Бугарската национална банка.

Во вториот квартал биле запленети вкупно 1.247 лажни банкноти. За споредба, во првиот квартал биле пронајдени 253 банкноти, што го прави зголемувањето петкратно. Последен пат такви нивоа имало во 2010 година.

Најфалсификувана е банкнотата од 50 лева. Во првиот квартал беа запленети 200 такви фалсификати.

На второ место се 20 лева, кои повеќе не им се омилени на фалсификаторите поради растот на цените.

БНБ ги советува граѓаните на Бугарија внимателно да ги прегледаат банкнотите и монетите што ги добиле, да се запознаат со безбедносните знаци и во случај на најмало сомневање да ги однесат до најблиската банка или менувачница и да ја известат полицијата.