петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Девет земји со кандидатура за следните европски финалиња на УЕФА

Девет земји со кандидатура за следните европски финалиња на УЕФА

Европската фубдалска асоцијација (УЕФА) ги објави кандидатите кои покажале сериозен интерес и доставиле официјално барање за да бидат домаќини на финалните натпревари во евро-куповите во 2026 и 2027 година.

Вкупно девет фудбалски федерации ја испратиле потребната документација до УЕФА, но оваа бројка може да се зголеми, затоа што крајниот рок за пријавување е 21 февруари следната година.

До овој момент пристигнале само две кандидатури за одржување на финалињата во Лигата на шампионите, едната е од стадионот „Сан Сиро“ во Милано, а другата од „Пушкаш Арената“ во Будимпешта. За финалниот натпревар во женската Лига на шампиони конкурираат Гелзенкирхен и Штутгарт од Германија, „Улевал“ стадионот во Осло, Норвешка, како и легендарниот „Хампден Парк“ во Глазгов, Шкотска.

Финалните мечеви во Лига Европа би можеле да се одиграат во Германија (исто така конкурираат четири стадиони), потоа следува „Арена Национала“ во Букурешт, а на оваа листа уште се „Хампден Парк“ од Глазгов и еден од трите најголеми стадиони во Истанбул, стадионот на Бешикташ.

Најголем интерес има за домаќинство на финалните натпревари од Конференциската лига, а тука во игра се дури шест стадиони: „Лајпциг Арена“ од Германија, стадионот „Теди“ во Тел Авив, „Улевал“ од Осло, „Хампден Парк“ од Глазгов, стадионот во Женева, Швајцарија, како и домот на Бешикташ во Истанбул, Турција.

Се забележува дека „Хампден Парк“ се појавува најчесто на листата на кандидати, а тоа значи дека Шкотите веројатно сакаат после подолго време, во нивната земја да се одржи еден натпревар со големо значење, што секако би било празник за публиката.