недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Ник Калатес ќе го пропушти Светското првенство во кошарка

Ник Калатес ќе го пропушти Светското првенство во кошарка

Грчкиот кошаркар Ник Калатес ќе го пропушти претстојниот Мундијал. Својата одлука играчот му ја соопшти на селекторот на грчката репрезентација Димитрис Итудис.

Триесет и четиригодишниот кошаркар планира да одмори пред претстојната сезона во Евролигата, тврди „Gazzetta.gr“.

Грчката репрезентација би можела да се соочи со сериозен проблем во бековската линија, бидејќи и Тајлер Дорси и Костас Слукас решија да го пропуштат Мундобаскет.

Грција ќе игра во групата Ц заедно со САД, Нов Зеланд и Јордан. Натпреварите по групи ќе се одржат во Манила, Филипини.

Светското кошаркарско првенство ќе се игра од 25 август до 10 септември.