петок, 1. март 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Јуниорите заминаа по добар резултат на Европското кошаркарско првенсто во Португалија

Јуниорите заминаа по добар резултат на Европското кошаркарско првенсто во Португалија

Mакедонската кошаркарска репрезентација „Под 18“ години, предводена од селекторот Андреј Апостолски Лечиќ денеска отпатува за Матошинос, каде во периодот од 21. до 30. јули е закажано Европското првенство Дивизија „Б“.

Нашата јуниорска селекција е дел од групата „А“ во која се уште националните тимови на Австрија, Исланд, Велика Британија и Норвешка. Друштво во кое нашите млади кошаркари ќе се обидат да освојат едно од првите две места кои водат во четвртфиналната фаза.

Натпреварувањето во овој португалски град, Македонија го стартува на 22. јули (сабота) со дуелот против селекцијата на Велика Британија.

Еден ден подоцна, нè чека мечот со селекцијата на Австрија (од 16.30 часот). По слободниот ден на шампионатот, на 25. јули, ќе играме против репрезентацијата на Норвешка (старт од 19.часот). А првата фаза од првенството ќе ја затвориме со средбата која е предвидена за 26.јули, против Исланд.

Македонија на првенството ќе настапи во следниот состав :

1.Андреј Шошкиќ

3.Горазд Митев

6.Никола Јаничиќ

8.Атанасиј Трајанов

9.Бојан Величковски

10.Филип Чолаковски

11.Ангел Стојанов

20.Бојан Димитриев

23. Марко Луканоски

24.Григориј Јакимовски

34.Павел Иванов

42.Стефан Стојковиќ