вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Пешак тешко повреден во Скопје

Пешак тешко повреден во Скопје

На 19.07.2023 во 12.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Втора Македонска Бригада“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Х.(30) од с.Страчинци, скопско, удрило во пешакот Т.Ц.(44) од Република Турција, со престој во Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот констатирани во приватна болница.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.