среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Работнички и Феникс во третиот шешир пред ждрепката за квалификациите од ФИБА Европа купот

Работнички и Феникс во третиот шешир пред ждрепката за квалификациите од ФИБА Европа купот

Двата македонски кошаркарски претставника во квалификациите за ФИБА Европа купот, Работнички и Феникс се најдоа во третиот шешир за ждрепката која ќе се одржи на 8 август во Минхен.

Во квалификациите ќе учествуваат вкупно 22 екипи, а во последниот шешир има само еден тим и тоа азербејџанскиот Сабах. Од пославните европски клубови, можни противници на Работнички и Феникс се Порто и Сарагоса кои се наоѓаат во првиот шешир.

Ќе се формираат вкупно седум квалификациски групи, но има промена во системот на натпреварување. Шест од седумте групи ќе бидат со по три, а една со четири тима, ќе се игра по принципот „секој со секого“, а во главната фаза од ФИБА Европа купот ќе се пласира само победникот од секоја група.

Во главната фаза веќе имаат место 13 клуба, вклучувајќи го и Кемниц на Ѓорѓи Кочов, а 20 ќе влезат од квалификациите за Кошаркарската Лига на Шампиони. Во главниот дел ќе се формираат десет групи со по четири екипи.