Македонската јуниорска кошаркарска репрезентација „Под 18“ загуби во првиот натпревар на Европското првенство дивизија „Б“ во Матошинос, Португалија, откако беше совладана од Велика Британија со 68:84.
Марко Луканоски со 22 поени и девет скока беше нашиот најкорисен играч, Јаничиќ додаде 11 поени, а Шошкиќ, кој имаше проблеми со личните грешки низ целиот тек на мечот запиша 12.
В недела од 16.30 часот, Македонија ќе игра против репрезентацијата на Австрија, која по стартната победа на средбата со Норвешка (97:64), вечерва играше против Исланд.
И на крајот стигна до втор триумф (82:72) кој ги става на делба на првата позиција со Велика Британија во групата „А“ по двете одиграни кола.