Ново име во таборот на германскиот шампион Баерн Минхен е Девин Букур. Тој го потпиша договорот и наскоро ќе биде официјализиран.
Девин Букер се враќа на местото на успехот и пак ќе го носи дресот на минхенски Баерн. Крилниот центар настапуваше за Баварците од 2016 до 2019 година, по што се пресели во Химки, па во Фенербахче, каде имаше просек од 9,3 поени и 4,2 скока по натпревар.
Букер со Баерн освои две шампионски титули и големи се шансите да ја продолжи серијата успеси.