сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Тотенхем ја најде замената за Кејн

Тотенхем ја најде замената за Кејн

Лондонски Тотенхем се вклучи во трката за потписот на францускиот репрезентативец и ѕвезда на Ајнтрахт, Коло Муани.

Коло Муани одигра фантастична сезона во Бундеслигата, а се покажа во одлично светло и на Мундијалот, па го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Тотенхем бара наследник на Хари Кејн, кој е на излезна врата, па во Коло Муани гледа идеална замена.Ајнтрахт сигурно нема лесно да се откаже од Французинот и за неговата слобода бара 100 милиони евра.