понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Казни за 161 возач во Скопје, 45 за брзо возење

Казни за 161 возач во Скопје, 45 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (24.07.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 161 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 45 санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за прекршоци што ги чинат возачи на мотоцикли.

Изречени се шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник…

-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира МВР.