четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Сопственик на Тотенхем уапсен во САД поради финансиски малверзации

Сопственик на Тотенхем уапсен во САД поради финансиски малверзации

Британскиот милијардер и мнозински сопственик на фудбалскиот клуб Тотенхем, Џо Луис е уапсен поради сомнежи за тргување со повластени информации, јавува американското обвинителство.

86-годишниот бизнисмен е обвинет за „оркестрирање бесрамни шеми за тргување со повластени информации“, изјави обвинителот од државата Њујорк, Демиен Вилијамс.

Обвинението се однесува на периодот помеѓу 2013 и 2021 година, а Луис споделувал важни информации кои не биле лесно достапни за јавноста и на тој начин им овозможил на негови блиски соработници да заработат неколку милиони долари.

Обвинението е испишано на 29 страници, а против инволвираните се поднесени кривични пријави за 19 различни дела кои можат да ги „сместат“ зад решетки во времетраење од 25 години.

„Се работи за класична злоупотреба на повластени информации. Џо Луис ги „наградувал“ своите соработници и на тој начин тие се стекнале со незаконска материјална корист во износ од над 40 милиони долари“, изјави обвинителот Вилијамс.