петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Јусуф Нуркиќ заминува од Портланд

Јусуф Нуркиќ заминува од Портланд

Јусуф Нуркиќ следната сезона најверојатно нема да го носи дресот на Портланд Трејл Блејзерс. Според информациите на американските медиуми, раководството активно е во потрага по тим за размена на босанскиот репрезентатувец. Па токму затоа нема да биде чудо ако си замине после шест години.

И натаму стои опцијата Нуркиќ во пакет со Лилард да замине на Флорида, а во спротивен правец би заминале Кајл Лаури, Тајлер Хиро, Хаиме Хакез Јуниор и пикови од првата рунда на драфтот од 2028 и 2030 година.

Босанскиот центар моментално е под четиригодишен договор вреден 70 милиони долари. Останаа да му бидат исплатени 52,5 милиони.