среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Брајтон го одби Челзи за Каиседо

Брајтон го одби Челзи за Каиседо

Англискиот фудбалски клуб Брајтон уште еднаш го одбил Челзи за трансфер на Мојсес Каиседо.

Како што објавија предмалку неколку англиски медиуми, Челзи денеска понудил 93 милиони евра за фудбалерот за врска, но Брајтон веднаш ја одбил понудата затоа што смета дека Каиседо вреди повеќе.

Фабрицио Романо тврди дека преговорите меѓу двата клуба не се затворени, но прашање е дали Челзи ќе оди со понуда над 100 милиони евра.

Некои медиуми веќе објавија дека Брајтон поставил фиксна цена од 100 милиони фунти за Каиседо и ниту една која ќе биде под таа бројка нема да се разгледува.