четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Тешко повреден пешак, удрен е со автомобил

Тешко повреден пешак, удрен е со автомобил

На 28.07.2023 во 15:15 часот било пријавено дека на локалниот пат с.Табановце-с.Лојане во близина на автопат „Пријателство“,  патничко моторно возило „фолксваген голф“ со германски национални ознаки, управувано од Г.Б.(24) од с.Лојане, удрило во В.А.(39) од Куманово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.