четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ВИДЕО: Икарди ќе потпише договор на три години со Галатасарај

ВИДЕО: Икарди ќе потпише договор на три години со Галатасарај

Турскиот гигант Галатасарај и аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди ќе ја продолжат соработката, откако му истече позајмицата на голгетерот во Истанбул.

По завршувањето на позајмицата од ПСЖ Икарди е откупен од Галата. Аргентинецот потпиша тригодишен договор со новиот клуб, а ПСЖ од неговата продажба заработи 10 милиони евра.


Новиот тренер на париските „светци“, Луис Енрике, во плановите го немаше 30-годишниот Икарди, додека Галатасарај во него гледа една од најважните фигури за следната сезона и одговор на најголемиот ривал Фенербахче, кој оваа летото донесе двајца врвни играчи од капитенот на српската репрезентација ДушанТадиќ и најдобриот играч на Босна и Херцеговина, Един Џеко.

Икарди минатата сезона беше фантастичен во Галатасарај, одигра 26 натпревари и постигна 23 гола и му помогна на својот тим да го освои турскиот шампионат.

Како што тврди францускиот „Л`Екип“, на Икарди наскоро во Галатасарај би можел да му се придружи неговиот поранешен соиграч од ПСЖ и од репрезентацијата на Аргентина, Леонардо Паредес.

Галата веќе го договори трансферот на играчот за врска од ПСЖ за шест милиони евра и му подготви тригодишен договор, а сега на потег е 29-годишниот кој со Аргентина го освои Светското првенство во Катар.