среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Реал Мадрид на чекор до потписот на Килијан Мбапе

Реал Мадрид на чекор до потписот на Килијан Мбапе

Килијан Мабапе во овој преоден рок, за светски рекорд, би требало да го напушти Пари Сен Жермен и да потпише за Реал Мадрид. Актуелниот рекорд и понатаму го држи Нејмар, за кого ПСЖ во летото 2017 година и плати 222 милиони евра на Барселона.

Шпанскиот новинар Рамон Алварез де Мон, кој меѓу другото објавува за „Марка“, а шпанските медиуми го претставуваат како личност со многу силни извори поврзани со Мбапе и неговиот случај, ја истакна бројката која Реал нема да ја надмине при евентуален трансфер.

Станува збор за 230 милиони евра. Толку се подготвени да потрошат во Мадрид за 24-годишниот напаѓач кој одигра 260 натпревари за ПСЖ со фантастичен учинок од 212 гола и 98 асистенции.

„Наведената сума изразена во милиони евра е конечна, Реал нема да ја надмине, а свесен е и ПСЖ“, изјави шпанскиот новинар.