недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Баерн ја зголеми понудата: Кејн на чекор од преселба во Минхен

Баерн ја зголеми понудата: Кејн на чекор од преселба во Минхен

Германскиот шампион Баерн Минхен продолжи да врши притисок врз Тотнем за да го добие потписот на англискиот репрезентативец Хари Кејн.

Кејн сака нов предизвик во кариерата, а Баерн досега испрати две понуди кои беа одбиени од премиерлигашот. Сепак, гигантот од Минхен решил да испрати трета понуда вредна 80 милиони евра.

Претседателот на Тотнем, Даниел Леви инсистира да добие 100 милиони евра за потписот на Кејн, но најверојатно ќе мора да попушти во преговорите затоа што би можел да го загуби Англичанецот целосно бесплатно следното лето.