недела, 25. февруари 2024. Вести денес: 0
home Кошарка

Се запали хотелот на шпанските кошаркарски репрезентативци (ВИДЕО)

Се запали хотелот на шпанските кошаркарски репрезентативци (ВИДЕО)

Вистинска драма им се случи на шпанските кошаркари на почетокот на подготовките за Светското првенство (СП), откако избувна пожар во хотел во кој се сместени.

Пожарот избувнал околу полноќ, а шпанските медиуми пишуваат дека се создала вистинска паника откако чадот се раширил низ просториите на хотелот.

Проблемот се појавил во кујната, која од засега непознати причини, се запалила, а 10 пожарникари интервенирале и им помогнале на шпанските репрезентативци да избегаат од огнот.