Францускиот фудбалски шампион ПСЖ и понуди на Барселона Нејмар да ја помине новата сезона на „Камп ноу“ на позајмица, но вето на оваа идеја ставил еден човек, Чави Ернандес.
Бразилецот имаше голема желба летово да се врати во Барселона, од каде што си замина во 2017 година, и тој можеше бесплатно да се врати на „Камп ноу“ бидејќи ПСЖ се понуди да го отстапи како дел од трансферот на Осман Дембеле, но тренерот Чави Ернандес не дозволил да се реализира позајмицата.
Според шпанското издание на „Гол“, Чави инсистирал дека не му е потребен Нејмар во новиот проект, поради што претседателот Жоан Лапорта се откажал од идејата да го ангажира Нејмар на едногодишна позајмица.