вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис Енрике веќе размислува за заминување од ПСЖ

Луис Енрике веќе размислува за заминување од ПСЖ

Шпанскиот фудбалски стратег Луис Енрике ја прифати понудата и од пред некое време е тренер на Пари Сен Жермен, тим со кој изминатиов период ги одработува подготовките во пресврет на кампањата 2023/2024.

Овие подготовки не течат како што треба, а главната причина е прашањето околу Килијан Мбапе, неговата иднина, тензијата, шпекулациите за тоа што може да се случи, каде да заврши што секако е проблем.

Според „Марка“ оваа цела драма, неизвесност како и статусот на Луис Кампос за кого се говори, наводно го натерало Енрике да почне да размислува да си оди без разлика на тоа што има договор до 2025 година.

Овие вест брзо се рашири, пренесе низ медиумите, па се огласија и од клубот преку потпаролот.

= Денешните гласини се исто толку смешни што се комплетно далеку од реалноста, -му рекол портпаролот на ПСЖ на новинарот Фабрицио Романо.