сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Словенија ослабена пред Мундобаскетот (ВИДЕО)

Словенија ослабена пред Мундобаскетот (ВИДЕО)

Словенечкиот репрезентативец и член на Денвер Нагетс од НБА лигата, Влатко Чанчар, заработи сериозна повреда на пријателскиот натпревар со Грција и дефинитивно нема да патува со „змајчеки“ на Светското првенство.

Чанчар тргна во силно забивање и успеа во намерата, но при доскокот заработи тешка повреда на вркстените лигаменти, која ќе го оддалечи од терените во следните шест до осум месеци.