понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Регистрирани над 50 пожари вчера во Македонија

Регистрирани над 50 пожари вчера во Македонија

Над 50 пожари на отворен простор се регистирани во текот на вчерашниот ден во Македонија, информира Центарот за управување со кризи.

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вели дека во овој момент нема активни пожари во земјава, а повеќето од вчерашните не се прошириле благодарение на брзата и пожртвувана интервенција на храбрите пожарникари.

Меѓу поголемите пожари кои вчера биле регистрирани се пет во скопскиот регион каде опожарена вила сува трева и грмушки. Покрај во селата Страчинци,  Орланци,  Волково, горела и депонијата Вардариште

Опожарена била и депонијата Буково во охридско, но и ѓубриште во близина на Глобочичко езеро, струшко.

Сува трева и нискостеблести растенија гореа во атарот на с.Крапа, а пожарот се префрлил преку ридот од општина Долнени.

Во велешко регистрирани се четири пожари меѓу кои во Отовица каде опожарена била ниска вегетација, а изгореле и околу 17 хектари трева и трња во необработени ниви на местото викано Топот.

Нискостеблеста шума, стрништа, викендици и помошни простории биле опожарени во пожарот кај Кривчева река во близина на Свети Николе, а во непосредна близина на градот гореа сува трева и стрниште.

Покрај патот кон Попова Шапка опожарена била ниска вегетација. Во битолско пријавени биле повеќе од 10 пожари меѓу кои во селата Ушичи, Кукуречани, Стрелиште и Крклино каде опожарени биле стрништа, ниска вегетација и жито. Ниска вегетација била опожарена и во крушевското место Слива.

Во прилепските села Канатларци, Алинци, Тополчани кон с. Тројкрсти и Дебреште горела ниска вегетација, а борова шума била опожарена во Демир Хисар.

На површина од 2-3 хектари опожарена била ниска вегетација во Секирник, струмичко. Ниско стеблеста шума гореше и на местото викано Брдаров камен, Богданци, како и кај дојранското село Николиќ.

Овошен расад со сливи и ниска вегетација беа опожарени во атарот на радовишко Јаргулица. Пожар имало и во Карбинци и виничко Драбовашти.

Борова и багремова шума изборе во кривопалачнче Конупница, а ниска вегетација и грмушки во Младо Нагоричане. Опожарена ниска вегеттација е регистирана и во Ранковце, но и во кумановските Речица, Војник и местата викани Павлешевска Чешма, Средорек, Николански пут, Кршење.

Најнови вести