вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Нејмар на Инстаграм не е веќе играч на ПСЖ

Нејмар на Инстаграм не е веќе играч на ПСЖ

Бразилецот Нејмар се чини дека во исто време го „готви“ неговото спектакуларно враќање во Барселона.

„Мундо Депортиво“ се повикува на извештаи и информации од Катар, кои велат дека Бразилецот е подготвен да врати во Барса, а трансферот треба да биде потврден во следните десетина дена.

Оваа информација доаѓа како мал шок по изјавата на тренерот Чави дека „за Нејмар нема место во оваа Барселона“, но шпанските медиуми велат дека кормиларот на Каталонците сепак ќе го прифати Нејмар и ќе се обиде да ја изгради играта на тимот за и тој да биде од голема корист во следната сезона.