недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Кадетската кошаркарска репрезентација убедливо поразена од Литванија

Кадетската кошаркарска репрезентација убедливо поразена од Литванија

Кошаркарската репрезентација на Македонија, играчи до 16 години, убедливо загубија од врсниците од Литванија (95:52), во последното коло од групната фаза на Европското првенство во Скопје.

Најефикасни во македонската репрезентација беа Јаничиќ со 15, Најков со девет и Марјановски со осум поени. Бутајевас со 22 поени ја предводеше Литванија. Во осминафиналето, Македонија ќе игра против Словенија, а мечот ќе се одигра в среда од 16 часот.