понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Санкционирани 174 возачи во Скопје за само еден ден

Санкционирани 174 возачи во Скопје за само еден ден

Секторот за внатрешни работи Скопје при контроли во областа на сообраќајот во текот на вчерашниот ден на територија на град Скопје изрече вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

Изречени се 10 мерки за непочитување на првенство на минување, седум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за користење мобилен телефон при возење…

Од МВР информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.