Моисес Каиседо изрази лојалност кон Челси уште пред самиот трансфер во клубот одбивјаќи премин во редовите на Ливерпул и покрај тоа што „црвените“ и Брајтон постигнаа договор за трансфер вреден 110 милиони евра.
Надминувањето на сто милионската сума на негов трансфер го примора и Челси да ги следи стапките на Ливерпул па „сините“ ја израмнија понудата со што се очекува наскоро да биде комплетиран трансферот.
Спортскиот новинар Фабрицио Романо открива дека договорот на 21-годишник со Челси е со важност од неверојатни девет години.