Скопскиот клуб денес го официјализираше потписот на Стефан Крстајиќ, кој доаѓа во Чаир 2030 од Струмица, клуб со кој не успеа да го обезбеди опстанокот минатата сезона.
Крстајиќ е играч со големо искуство во македонската елитна лига, каде минатата сезона настапуваше со просек од 20,2 поени, 4,9 скока и 4,5 асистенции.
Пред да го облече дресот на Чаир, 29-годишниот Крстајиќ настапуваше и за ФМП Академија, Пелистер и Струмица.
Со ова засилување Чаир 2030 ја покажува својата сериозност и најавува доведување уште некое звучно име.