Екипата на Еуро Никел ја договори соработката со искусните Караколев и Соколов, а под договор од ланската сезона е и плејмејкерот Младеновиќ.
Во меѓувреме, како ново засилување беше осигуран и потписот на Стефан Глигоријевиќ, кој пристигнува од редовите на КК Куманово по испаѓањето на овој клуб од елитното друштво.
Крилниот кошаркар добро се снаоѓа и во борбата под обрачите, каде дефинитивно ќе му биде од помош на тренерот Атанас Манев, младиот стратег кој ќе дебитира во прволигашката конкуренција.