сабота, 9. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Скопјанец (55) уапсен на железничка станица во Прилеп, допирал малолетничка во воз

Скопјанец (55) уапсен на железничка станица во Прилеп, допирал малолетничка во воз

На 21.08.2023 во 10.00 часот на Железничка станица Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода М.Т.(55) од Скопје.

Од полицијата информираат дека тој се сомничи дека во патнички воз допирал по телото малолетничка од Прилеп.

Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.