недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Внимавајте, МВР казнува: 278 санкции за брзо возење за еден ден

Внимавајте, МВР казнува: 278 санкции за брзо возење за еден ден

Во текот на вчерашниот ден (22.08.2023) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 278 возачи.

Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 152 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 126 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта, велат од МВР.