Оваа несекојдневна сцена ни ја пружија навивачите на шпанскиот фудбалски клуб.
Фудбалскиот клуб Малага ова лето не е претерано активен на фудбалскиот пазар и по тој повод навивачите одбрале специфичен начин да пратат порака до управата.
Група од неколку навивачи со транспаренти, лажни дресови и маркери налетала на турист на аеродромот и се правела дека тој е нов играч на нивниот клуб.
Веднаш му дал дрес на патникот за да го потпише, додека еден од навивачите глумел дека е обезбедување. Веруваме дека снимката ќе ве воодушеви.
Несекојдневен начин навивачите да пратат порака до управата на клубот, тоа мора да им се признае.
Malaga fans were so disappointed at the club not making a Summer signing that they picked a random tourist at the airport to greet as a new playerpic.twitter.com/0by5ny1uBR
— COPA90 (@Copa90) August 22, 2023