недела, 28. јануари 2024. Вести денес: 0
home Хроника

Тинејџер повредил малолетник со остар предмет поради девојка

Тинејџер повредил малолетник со остар предмет поради девојка

Полициски службеници од Полициската станица Кочани вчера околу 19 часот го лишиле од слобода Н.Г.(18) од Кочани.

-Тој се сомничи дека околу 14.40 часот во својот дом со остар предмет нападнал и повредил 15-годишник од Кочани, а според неговото кажување, тоа го направил поради расправија за девојка. Малолетникот бил пренесен во Општа болница Кочани каде му била укажана лекарска помош, инфирмира МВР.

Н.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.