вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Санкционирани 352 возачи во Скопје, 108 за брзо возење

Санкционирани 352 возачи во Скопје, 108 за брзо возење

Во сообраќајна полициска контрола вчера на територија на Скопје биле  казнети 352 возачи, од кои  108 за возење со брзина поголема од дозволената.

Како што информира МВР,  28 санкции се изречени за возење без возачка дозвола, 32 за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

-Изречени се три мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 20 санкции за користење  мобилен телефон при возење, 14 мерки за некористење на сигурносен појас…, соопшти Министерството за внатрешни работи.

МВР укажува дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.