Скопски Работнички продолжува да го засилува својот ростер за новата сезона и го договори првото странско засилување.
Американскиот кошаркар Квентон Декоси е нов кошаркар на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив. Се работи за кошаркар кој може да одговори на неколку позиции во нападот и од него се очекува да биде водечка алка на тимот во новата сезона.
Декоси во Работнички доаѓа од редовите на Алба Фехервар од Унгарија, а претходно во Европа настапуваше уште за Тревизо, Кието и во Арис.
Летово, „центарци“ своите редови ги засилија и со Роберт Рикиќ и Бојан Стајиќ, а наскоро треба да бидат преставени и останатите новајлии.