четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Шкендија остана перфектна, Брегалница ја совлада Брера

ПМФЛ: Шкендија остана перфектна, Брегалница ја совлада Брера

Во рамките од петтото коло тимот на Брера го претрпе првиот пораз во новата сезона во ПМФЛ, па сега единствена непоразена екипа е Шкендија која има четири натпревари.

Брера одлично ја отвори сезоната со четири победи, но денес во Штип беше поразена од домашната Брегалница со 1:0. Единствениот гол на натпреварот го постигна Венегас во 27. минута.

Шкендија која има натпревар помалку со пресврт го победи Работнички. Кагиму стрелаше за водство 28. минута за во второто полувреме во финишот од средбата Шкендија да постигне два гола за целосен пресврт и победа. Стрелци на головите беа Дита и Красниќи.

Во останатите натпревари Шкупи на домашен терен со 3:1 го совлада Гостивар, Силекс и Македонија Ѓорче Петров одиграа реми (2:2), а немаше победник и на средбата Тиквеш Воска Спорт (1:1).