17 санкционирани возачи под дејство на алкохол на подрачје на Прилеп
Во текот на изминатата вечер (01/02.09.2023) во периодот од 20:00 до 04:00 часот на подрачјето на Прилеп спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.
При контролата санкционирани се 17 возачи .
За време на контролата биле санкционирани и 8 други видови прекршоци.
-Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и сите да придонесеме за безбедност во сообраќајот. (МИА)