четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

И претседателот на Кина нема да присуствува на Самитот на Г-20 во Индија

И претседателот на Кина нема да присуствува на Самитот на Г-20 во Индија

Претседателот на Кина, Си Џинпинг нема да присуствува на претстојниот Самит на Г-20 во Индија, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи, без да ги наведе причините за таквата одлука.

Првпат кинески лидер нема да присуствува на Самитот на Г-20. Си физички не присуствуваше на Самитот н аГ-20 во Рим за време на пандемијата на коронавирус, но се јави преку видео врска.

– Премиерот Ли Кечијанг ќе ја предводи кинеската делегација, изјави денеска портпаролката на кинеското МНР, Мао Нинг.

Повеќето од лидерите на Г-20 ќе присуствуваат на дводневниот Самит, што почнува на 9 септември во Њу Делхи.

На Самитот на Г-20 нема да присуствува и рускиот претседател Владимир Путин, а во Њу Делхи ќе отпатува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.