петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Холанѓаните блокираа 500 влезници за дуелот против Грција во евроквалификациите

Холанѓаните блокираа 500 влезници за дуелот против Грција во евроквалификациите

Холандските фудбалски власти блокираа околу 500 влезници за натпреварот против Грција, в четврток во Амстердам во рамки на квалификациите за ЕУРО2024, верувајќи дека се купени илегално преку неовластени интернет страници.

„Доколку вашиот билет се наоѓа на списокот, нема да имате пристап до стадионот. За сите останати прашања, обратете се до организацијата од која сте ја купиле влезницата, објави Фудбалската федерација на Холандија (КНВБ)

Дополнителни 200 влезници, исто така, се под истрага на КНВБ, која посочи дека „активно“ е во потрага по билети кои не се купени на официјалните благајни или овластените партнери.

Холандија ќе ја пречека Грција во рамки на третото коло во квалификациската група Б пред 34.000 гледачи на стадионот на ПСВ во Ајндховен.