недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албанија ќе амнестира околу 600 затвореници

Албанија ќе амнестира околу 600 затвореници

Албанската влада е подготвена за амнестија на затвореници, откако работната група предводена од министерот за правда Улси Мања, по тримесечни консултации со домашни и експерти од ЕУ и со генералната управа на затворите, го подготви предлог-законот за амнестија.

„Ветувањата не се забораваат, амнестија“, кусо напиша министерот Мања постирајќи фотографии од неговиот кабинет како го прелистува Предлог-законот.

-Со оваа амнестија ќе бидат опфатени 600 лица кои во моментов издржуваат казна во албанските затвори. Предвидено е да се опфатат и оние затвореници на кои им остануваат уште три години затвор. Девојките и жените ќе имаат најбројни со амнестијата. Од неа строго се исклучени лицата кои издржуваат казна за семејно насилство, организиран криминал, трговија со дрога или злоупотреба на службената положба и корупција, јави Топ чанел.

Додава дека се очекува да се амнестираат лица кои издржуваат казна за поседување на мали дози наркотици како канабис, осудени за градење без дозвола, вклучително и оние за лесни и нискоризични кривични дела.

Предлог-законот треба да биде изгласан во парламентот на почетокот од идниот месец.

Во Албанија последната амнестија беше онаа од 2020 година, кога беа опфатени 170 затвореници.