недела, 10. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Денес сончево со температура до 33 степени, еве кога се очекува промена

Денес сончево со температура до 33 степени, еве кога се очекува промена

Времето утрово е свежо, а преку денот ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне 31 степен, објави УХМР.

Продолжува периодот на сончево и топло време со свежи утра. Од четврток ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд и грмежи во попладневните часови.

Најнови вести