четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПМФЛ: Вардар поразен од Тиквеш, Силекс ја изненади Шкендија

ПМФЛ: Вардар поразен од Тиквеш, Силекс ја изненади Шкендија

Тиквеш во Кавадарци го победи Вардар со 1-0 со прекрасен гол на Едис Спахиу на 15 минути до крајот. Гостите од Скопје може да жалат што останаа без бодови од ова гостување бидејќи домашниот тим од 52. минута играше со фудбалер помалку поради црвениот картон на Даниел Карчески.

Интересно беше на мечот меѓу Силекс и Шкендија кој заврши со победа од 2-1 на кратовскиот тим, изборена во судиското продолжение.Силекс промаши пенал во првото полувреме кога Марјан Ристовски се обиде да даде гол со паненка но испадна смешен. Сепак Кратовци поведоа со гол на Милосављевиќ во 58. минута.

Шкендија конечно дојде до израмнување преку Цаке во 86. минута од натпреварот, но Лазаревиќ погоди во 91. минута за победа на Силекс од 2-1. Актуелниот шампион Струга со 3-1 победи на гостувањето во Штип кај Брегалница во меч во кој имаше дури три црвени картони, еден за домаќините и два за гостите.

Пресуди голот на Бесарт Ибраими во 57. минута, само една откако давид Калпачки израмни на мечот после водството од шестата минута на гостите преку Бесмир Бојку. Бесарт Кривањева во првиот дел беше исклучен кај Струга, па Халид Лвалива кај Брегалница во првиот дел, а потоа Бојку предвреме испратен во соблекувалната, но фудбалетот повеќе штипјани не го искористија, за на крај во 93-та минута да примат и трет гол во поразот.

Работнички по три меча без победа дојде до триумф, романтичарите со 2-0 ја совладаа Воска со голови на Велкоски во првото и Биала во второто полувреме.

Најубедлива беше екипата на Македонија Ѓорче Петров која со 3-0 го совлада Гостивар. По еден погодок постигнаа Величковски, Мишевски и Илиевски. Вчера Шкупи со 1-0 ја совлада Брера.

ПРВА ЛИГА, 7. КОЛО

Тиквеш – Вардар 1-0 (0-0)

Спахиу 76

Брегалница – Струга 1-3 (0-1)

Калпачки 56 – Бојку 6, Ибраими 57, Ефионг 90

Силекс – Шкендија 2-1 (0-0)

Милосављевиќ 58, Лазаревиќ 90+1 – Цаке 86

Македонија ЃП – Гостивар 3-0 (1-0)

Величковски 7, Мишевски 81 п., Илиевски 90+1

Работнички – Воска Спорт 2-0 (1-0)

Велкоски 31 п., Гандо Биала 59

ВЧЕРА

Шкупи – Брера 1-0 (0-0)

Абази 69

ТАБЕЛА: Шкендија 13 (6), Брера 13 (7), Шкупи 12 (7), Силекс 12 (7), Тиквеш 10 (7), Работнички 10 (7), Струга 9 (4), Брегалница 9 (7), Македонија ЃП 8 (7), Воска Спорт 7 (8),Вардар 4 (6), Гостивар 3 (7).