Давид де Хеа веќе три месеци е слободен играч откако го напушти Манчестер Јунајтед. Се чини дека сепак се појави светло на крајот на тунелот и тој ќе има нов тим.
Според шпанските медиуми Реал Бетис е подготвен да му подаде рака, бидејќи Клаудио Браво се наоѓа во последната година од неговиот договор.
Де Хеа е голман каков што сака Мануел Пелегрини. Покрај ова тимот од Севиља не сака да ја пропушти оваа шанса и да го потпише како слободен играч.
За Манчестер Јунајтед настапи 545 натпревари, тој беше член на генерацијата која последен пат во 2013 година беше шампион на Англија.