недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Пандев се огласи по трагедијата во Џенова: Секој ден минував по тој мост…

Пандев се огласи по трагедијата во Џенова: Секој ден минував по тој мост…

Најмалку 35 лица загинаа во големата трагедија која ја погоди Италија, поточно Џенова, каде што се сруши дел од мост на автопатот А10. Во Џенова живее и можеби најдобриот македонски фудбалер во историјата Горан Пандев, кој настапува за истоимениот клуб од овој град

Пандев е шокиран од сиот настан и со трогателна порака го опиша ваквата голема трагедија, пишува СпортМедиа.

-Секој ден поминував на тој мост во Џенова за на тренинг. Откажан ни беше утринскиот тренинг, ако имавме ќе поминевме на мостот во фаталниот период, се зборовите на Пандев за „Спортмедиа”.

Во овој ден на голема тага, Џенова е повеќе од кога било во неговото срце…

Соиграчот на Пандев, ДоменикКришито , кој е и италијански репрезентативец бил многу потресен, тој бил на 10. минути пред да се урне мостот. Тој додал дека не е можно да се урне туку така и потребна е безбедност за сите.

Сите познати италијански фудбалски имиња се исто така шокирани и изразуваат сочувство кон фамилиите на загинатите.