среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Луис Енрике: Мбапе е најдобриот фудбалер во светот!

Луис Енрике: Мбапе е најдобриот фудбалер во светот!

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике има само пофалби за Килијан Мбапе по вчерашната победа од 2-0 над Борусија Дортмунд.

Мбапе и ПСЖ имаа тешко лето, напаѓачот сакаше да замине, но на крајот остана во клубот и игра во голема форма.

„Килијан Мбапе е најдобриот фудбалер во светот, верувајте ми“, вели Луис Енрике.

„Повеќе од неговите технички вештини, тоа што ме импресионира кај него се човечките квалитети. Задоволство е да го имате во соблекувалната, тој е лидер кој секогаш има насмевка на лицето“.