Најмалку 35 лица, меѓу кои три деца на возраст од 8, 12 и 13 години загинаа во рушењето на надвозникот во Џенова, објави италијанската агенција ANSA повикувајќи се на извори од противпожарната бригада.
Пожарникарите цела ноќ го пребарувале местото и рушевините во потрага по евентуално преживеани лица.
Како што се наведува, надвозникот се сруши по удар на гром кој удрил директно во еден од столбовите.
-Беше околу 11:30 часот кога гром го погоди мостот и тој се сруши, вели еден од сведоците за италијанската агенција.
Медиумите вчера објавија дека мостот е изграден во 60-тите години од минатиот век, а реконструиран во 2016 година.