понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Кошарка

Серџо Скариоло ќе го тужи Виртус за клевета

Серџо Скариоло ќе го тужи Виртус за клевета

Италијанскиот тренер Серхио Скариоло најави дека ќе го тужи Виртус Болоња, кој му даде отказ пред првиот натпревар во новата сезона.

Сопственикот на Виртус, Масимо Занети го критикуваше Скариоло неколку дена по отказот.

„Кога Скариоло одеше на состаноци со Торонто и Реал Мадрид, тој нè сметаше за клуб од втора класа“, кажа Занети.

Оваа изјава го навреди Скариоло, кој кажа дека никогаш немал состанок со управата на „кралевите“ и затоа ќе го тужи Виртус за клевета.