На 20.09.2023 во Полициската станица Радовиш бил извршен службен разговор со Ф.Б.(70) од Радовиш. Тој се сомничи дека на 19.09.2023 во 17:00 часот предизвикал пожар на место викано „Раклишки чаири“, во атар на село Раклиш, радовишко, при што била опожарена сува трева, родни дрва и тополи.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Радовиш, а повредени лица нема.
Во службен разговор Ф.Б. го признал делото и за случајот бил запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.