четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

Белингам: Станувате свесни за Реал Мадрид колку е голем овој клуб кога ќе потпишете за нив

Белингам: Станувате свесни за Реал Мадрид колку е голем овој клуб кога ќе потпишете за нив

Како што стојат работите, ова лето Реал Мадрид го доби играчот кој го посакуваа, Џуд Белингам.

Момчето кое од Дортмунд се пресели во Реал Мадрид, има фантастичен почеток во дресот на „кралевите“, тој директно реши во корист на Реал три натпревари на почетокот од сезоната, што најавува возбудливост за нивните фанови.

Белингам веќе има пет погодоци на исто толку натпревари и ветува многу за во иднина.

Искрено не знаете колку е голем Реал додека не станете дел од него, тоа е навистина неверојатно. Јас по природа сум срамежливо момче, но овде брзо и добро се прилагодив во клубот, секогаш имам насмевка на лицето“, порача Белингам по вчерашниот натпревар против Унион Берлин.