среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Фудбал

ПСЖ го купува најдобриот фудбалер на Манчестер Сити

ПСЖ го купува најдобриот фудбалер на Манчестер Сити

Манчестер Сити до почетокот на 2024 година нема да може да смета на услугите на Кевин де Брујне кој се рехабилитира од тешка повреда на листот поради која мораше да заврши и на операција.

Договорот на Белгиецот со шампионот на Премиерлигата е со важност до 2025 година, но неговата иднина на „Етихад“ ќе зависи од успешноста на рехабилитацијата, открија неодамна англиските медиуми.

Тоа изразува незадоволство кај искусниот фудбалер од средниот ред кој е дел од тимот од 2015 година.

Целата ситуацијата сака да ја искористи ПСЖ кој е подготвен да ризикува и да започне преговори за негов трансфер уште во јануари, пренесуваат француските медиуми.